Клоп пикираше репрезентативец на Луксембург да заигра за Ливерпул!?

Речиси сигурно е дека на крајот од сезоната Џорџино Вајналдум ќе го напушти Ливерпул и ќе го засили тимот на Барселона. Репрезентативецот на Холандија одби нов договор со англискиот првак и тоа е доволен знак дека тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ќе мора да бара нов играч за врска.

Дел од германските медиуми шпекулираат дека Клоп ќе „пазари“ од редовите на неговиот некогашен клуб Мајнц. На радарот на германскиот стратег е 21-годишниот Леандро Бареиро, кој е репрезентативец на Луксембург. Бареиро е играч кој би можел да се вклопи во системот на Клоп. Млад е, има простор за напредок, а според проценките, цената му е четири милиони евра, што секако е прифатливо за англискиот гигант.

Бареиро сезонава одигра 13 меча за Мајнц и е еден од најдобрите во тимот, а ја има улогата на централен играч за врска.

 

- Оглас -

Најнови вести