Клоп почна „да плаче“ пред финалето против Фламенго

Европа или Јужна Америка? Кој континент ќе се фали дека го има најдобриот тим за 2019 година, ќе се знае утре, за кога е закажано финалето на Светското клупско првенство меѓу Ливерпул и Фламенго. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, уште пред да започне дуелот, започна да се жали.

Германскиот стратег вели дека на неговиот тим едноставно не му бил даден избор и морал да одигра два меча за 24 часа, па на тој начин бил „жртвуван“ трофејот во Лига купот, кога „децата“ на Ливерпул загубија со 5:0, додека првиот тим се подоготвуваше за дуелот од полуфиналето на планетарниот куп против Монтереј.

За разлика од Ливерпул, Клоп вели дека Фламенго имал многу поголема поддршка од домашната федерација и Бразилците биле испратени со надеж да се вратат како херои.

„Ситуацијата меѓу Ливерпул и Фламенго е сосема различна. Тие дојдоа со јасна цел, да го освојат пехарот и да се вратат дома како херои. Нам ни беше речено да останеме дома и да играме меч од Лига купот. Сепак, решивме да дојдеме тука и да се обидеме да го освоиме пехарот“, вели Клоп, кој додаде дека знае дека Фламенго е тим кој ретко губи и очекува голема битка во утрешното финале.

И покрај „плачењето“ на Клоп, според коефициентите во Sport Life, Ливерпул е фаворит за титулата.   

 

- Оглас -

Најнови вести