Клоп: Подобро игравме против Сити и Арсенал отколку против Лестер

Точно по 30 сезони, Ливерпул најверојатно повторно ќе стане шампион на Англија, а иако има 13 бода предност во однос на вториот Лестер, кој синоќа го прегази со 4-0, тренерот Јирген Клоп ја смирува еуфоријата. Лекцијата е научена, безмилосно газат во Премиер лигата, само ја зголемуваат предноста и изгледа дека никој не може да ги запре.

„Се смени само бројот. Беа 10, па 11, сега се 13 бода предност. Но, ние тоа не го чувствуваме, не размислуваме за тоа, не спомнуваме такви работи пред меч. Зошто низ глава да ни минува дека може да станеме првиот тим во историјата на британскиот фудбал кој испуштил 13 бода предност? Ме интересираат само наредните пет средби“, вели Клоп.

Клоп не мисли дека изданието против Лестер било најдобро на Црвените сезонава.

„Мислам дека најдобро одигравме против Манчестер сити, а супер меч имавме и против Арсенал. Против Лестер ни требаше токму ваква партија, немавме проблем, момците беа 100 проценти фокусирани“ , заклучи Клоп.

- Оглас -

Најнови вести