Клоп: Подобро ќе беше Манчестер сити да водеше 5:0 по 10 минути, отколку вака да освојат титула

Јирген Клоп уште една сезона мора да му честита на Пеп Гвардиола за освоената титула во Премиер лигата.

Германскиот стратег има одлична сезона со Ливерпул која може да ја круниса со титула во Лигата на шампионите и тоа за шест дена.

Тој на прес конференцијата по денешната победа над Вулверхемптон изјави дека второто место е „приказна на неговиот живот“.

Завршувањето на второто место во кариерата е приказна на мојот живот. Тоа се случуваше и во Германија, а сега слично е и во Англија. Но, јас сум горд на своите момци кои што освоија неверојатни 92 бода оваа сезона во Премиер лигата.

Но, ете, Манчестер сити беше за малку подобар од нас, а искрено ќе беше подобро да водеа со 5:0 по 10 минути игра, отколку на ваков начин да освојат титула“ изјави Клоп.

 

- Оглас -

Најнови вести