Клоп: Ситуацијата во Ливерпул сега е иста како во бракот

Ливерпул со 2:0 рутински го победи Митјиланд на „Енфилд роуд“, но тренерот на англискиот гигант Јирген Клоп имаше причини за загриженост по средбата. Од резултатски аспект, Ливерпул ги има максималните шест бода по првите две кола во ЛШ, но синоќа се повреди Фабињо.

Дефанзивниот играч во одбраната одигра само 30-тина минути против Митјиланд, кога сам падна на теренот и се пожали на болки во коленото и мораше да биде изнесен од теренот. Ова е втора тешка повреда за Ливерпул само во неколку дена, ако се знае дека на дербито против Евертон се повреди Вирџил ван Дајк. Холанѓанецот има скинати лигаменти на коленото и ќе паузира до крајот на сезоната. Сега се чекаат резултатите од прегледот на повредата на Фабињо.

Тренерот Јирген Клоп имаше интересна споредба за тоа што се случува сега во Ливерпул.

„Тешка вечер за нас. Случувањата во моментов во Ливерпул се како тие во бракот. Имате убави, но имате и лоши моменти. Мечот против Митјиланд беше тежок и задоволен сум што победивме. Вечерва ги загубивме Фабињо и младиот Ријс Вилијамс, кој има само 19 години, а веќе има повеќе настапи во Лигата на шампионите отколку во првенството, а тоа е голема реткост. Добро играме, но повредите ни претставуваат голем шок. Ги чекаме резултатите, но не верувам дека вестите ќе бидат добро“, рече Клоп по синоќешниот меч на Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести