Клоп со еден збор ја опиша 2019 година

Ливерпул игра сезона за памтење. Гигантот од „Енфилд роуд“ е убедлив лидер во Премиер лигата со 16 победи и едно реми во 17 дуели. Ваквите резултати се најава дека Ливерпул ќе стави крај на 30-годишното чекање на трофеј во првенството. Во мај малку фалеше трофејот да пристигне во витрините на „Енфилд роуд“, но Манчестер сити за еден бод беше подобар. Сезонава сепак Ливерпул делува дека е пресилен.

Освен речиси перфектната сезона во домашното првенство, Ливерпул во 2019 година ги обедини европската и светската титула. По триуфот во финалето од Лигата на шампионите, пред неколку дена избраниците на Јирген Клоп го освоија и пехарот на Светското клупско првенство.

„Оваа година беше неверојатна за сите нас во Ливерпул и за нашите навивачи. Мислам дека добро ме познавате и знаете дека не сум тип кој гледа назад, па затоа фокусот е на тоа што треба да го направиме во иднина. Сепак, не треба да се игнорира тоа што го направивме во 2019 година. Со еден збор можам да ја опишам 2019 година, а тоа е Woooowwww. Многу сум горд на тоа што го направивме. Додека сум жив, никогаш нема да го заборавам тоа што го направивме во Мадрид, а и денот потоа во Ливерпул, кога беше прославата на европската титула“, рече Клоп.

Ливерпул за Boxing Day го очекува вистински предизвик, гостува кај второпласираниот на табелата, Лестер.

 

- Оглас -

Најнови вести