Клоп со свој коментар за исфрлањето на Манчестер сити од Лигата на шампиони

Со победата над Норич, Ливерпул и официјално си обезбеди место во Лигата на шампиони за следната сезона. Ова е рекордно брзо време за една екипа да биде сигурна за настап во елитната лига на УЕФА и тоа на седум месеци до стартот на групната фаза.

Само 24 часа претходно, големиот ривал на Ливерпул, Манчестер сити доби шокантна забрана за учество во Лигата на шампионите во следните две сезони. Граѓаните го имаат прекршено финансискиот фер-плеј и затоа УЕФА реши драстично да ги казни.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп не сакаше многу да коментира околу одлуката на УЕФА, но рече дека е штета што Граѓаните нема да ги има во ЛШ во следните две сезони.

„Таа информација за забраната што ја доби Манчестер сити е шок. Вистински шок. Јас би можел да зборувам само за фудбалот, а тоа што тие го прават на теренот е навистина фантастично. За останатото не знам. Жал ми е за Пеп и за играчите“, рече Клоп.

 

- Оглас -

Најнови вести