Ливерпул со нов рекорд што веројатно никогаш нема да биде достигнат, а е поврзан со Лигата на шампиони

Ливерпул даде еден гол на гостувањето кај Норич, но и тоа беше доволно за да слави на гостувањето кај последнопласираниот тим во Премиер лигата. За Ливерпул ова беше 25-та победа во 26-тото коло и сега има 76 од максималните 78 бодови. Норич остана фенерџија со само 18 бодови, па неверојатно звучи фактот дека разликата меѓу првиот и последниот е цели 58 бодови и тоа на средината на февруари.

Освен оваа рекордна разлика во англиското првенство, Ливерпул постави и уште еден рекорд. Гигантот од „Енфилд роуд“ е првиот клуб кој успеал да обезбеди место во Лигата на шампиони за следната сезона, а до почетокот на групната фаза да има уште точно седум месеци.

Ливерпул постигнува гол на последните 35 меча во Премиер лигата и сега е на еден дуел од израмнување на постигнувањето на Манчестер јунајтед од пред 12 години кога Црвените ѓаволи погодуваа на 36 средби по ред. Рекордот го држи Арсенал. Топчиите имаат низа од 55 средби по ред на кои давале гол во Премиер лигата во период од мај 2001 до ноември 2002 година.

 

- Оглас -

Најнови вести