Долго време во Шпанија се пишуваше дека Јирген Клоп е најсериозниот кандидат за трајно решение на клупата на Реал Мадрид, но Германецот не само што јасно порача дека тоа нема да се случи, туку и жестоко ја нападна клупската политика на „кралевите“.
„Не сум воодушевен ако има интерес од Реал Мадрид за мене, бидејќи вообичаено тоа не го прават. Ова сето е медиумска помпа. Не сум изненаден од отказот на Чаби Алонсо, тоа е Реал Мадрид. Јуп Хејнкес беше отпуштен иако ја освои Лигата на шампионите. Не знам што ви кажува тоа за Реал Мадрид. Лицно задоволен сум од мојата сегашна позиција. Не би сакал да работам ништо друго во моментов. Дали сакам повторно да бидам тренер? Во моментов би одговорил не, но никогаш не вели никогаш. Можам да им порачам, кога го отпуштате тренерот, мора да имате идеја кој ќе биде негов наследник и тоа да биде реална опција.“ – рече Клоп.
После ваквата изјава, јасно станува дека Јирген Клоп нема да биде тренер на Реал Мадрид, не само сега, туку и во блиска иднина.

