Клуб стар повеќе од 141 година мораше да згасне поради корона-вирусот

Помалите фудбалски клубови кои немаат голема финансиска моќ полека почнуваат да ја губат борбата која ја наметна пандемијата со корона-вирусот. Откако некогашниот белгиски популарен клуб Локерен најави банкрот, сега стигнува вест за згаснување на клуб во Велс.

По 141 година постоење, клубот Рил најави дека ќе згасне поради финансиски причини и неможноста да се најде инвеститор во време на светската криза која се создаде поради опасниот вирус. Рил пријави долг од 175.000 фунти.

Низ својата богата историја, Рил двапати бил шампион во Премиер лигата на Велс, а двапати биле и вицепрваци, но градот кој има 25.000 жители, сега останува без својот омилен спортски колектив.

- Оглас -

Најнови вести