По ремито на Бенфика со Брага од 2-2 во португалското првенство, Жозе Мурињо откри кога ќе може да одговори на прашања за својата иднина. Неговото име се поврзува со тренерската позиција во Реал Мадрид.
„Имаме натпревар против Есторил. А, од понеделник ќе можам да одговарам на прашања за мојата иднина како тренер и иднината во Бенфика“, рече Мурињо.
После киксевите во последните две кола, Бенфика е трета во португалското првенство, два бода зад вториот Спортинг Лисабон. Второто место дава право на учество во квалификациите заЛигата на шампионите, а третото води во Лига Европа.
Следниот понеделник, 18 мај, откако ќе заврши португалското првенство, Мурињо ќе може да каже кој му е планот, дали ќе остане во Бенфика или ќе се врати во Реал Мадрид.

