Клуб во Серија А продаден за 170 милиони евра

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина е продаден за 170 милиони евра, а нов сопственик е Роко Комисо. Тој е италијанско-американски бизнисмен кој стана мнозински сопственик на акциите на клубот.

„Имам шанса да отворам ново поглавје во легендарен клуб како што е Фиорентина. Фиренца е светски познат град, кој на најдобар начин ја промовира италијанската култура. Три години преговаравме, разговаравме околу продажбата и јас во овој период сфатив колку „виолетовите“ се важни за градот и за навивачите. Сакам да се заблагодарам на семејството Дела Вејл, кое 17 години го водеше клубот. Тие го спасија од финансиски крах, создадоа стабилни темели, на кои ние ќе продолжиме да го надградуваме“, рече новиот сопственик на Фиорентина, Комисо.

Фиорентина имаше очајна сезона. Во Серија А завршија на 16-тото место и до последното коло не беа сигурни дали ќе обезбедат опстанок. Богатството на Комисо се проценува на 4,9 милијарди евра. Освен во Фиорентина, тој е мнозински сопственик и во фудбалскиот тим Њујорк космос во САД. Сопственик е и на петтата најголема кабловска телевизија во САД, „Медијаком“.

- Оглас -

Најнови вести