Клучен играч на Баерн го пропушта вечерашното дерби против Дортмунд

Тијаго Алкантара, играчот за врска на Баерн Минхен, поради мускулна повреда ќе го пропушти вечерашното дерби „Дер Класикер“ против Борусија Дортмунд. Шпанскиот репрезентативец претходно не играше во победата на Баерн против Ајнтрахт, а дека не закрепнал навреме, информациите ги соопшти тренерот Флик.

„Тијаго денес не тренираше, уште го мачи повредата. За жал, вечерва нема да игра против Дортмунд“, истакна Флик.

Дуелот на „Сигнал Идуна парк“ е окарактеризиран како меч за титулата, а доколку Баварците триумфираат, ќе имаат седум бода предност пред Милионерите на пет кола до крајот на првенството.

- Оглас -

Најнови вести