Кобајаши е фаворит за победа на „четирите скокалници“, австријците веднаш зад него (Фото)

Јапонецот Кобајаши е прв фаворит за победата на последниот натпревар од турнејата Четири скокалници во австрискиот зимски центар, Бишофсхофен. Тој воедно е и водечки на вкупната табела после три настапи, иако не победи ниту еднаш.

Кобајаши има предност од пет поени пред германецот Велингер и со победа на денешниот натпревар со сигурност ќе дојде до третиот трофеј од најпрестижниот натпревар во ски-скокови.

Тому јапонскиот ски-скокач е фаворит и според квотите во Sport Life. Квотата за негова победа е 1.90, а веднаш после него следуваат двајцата австријци Крафл и Херл.

Слични се квотите и за пласман на подиумот, а за Кобајаши денес е најважно да заврши пред Велингер, со оглед на тоа дека има предност од 23 поени пред Херл и 34 пред Крафт.

- Оглас -

Најнови вести