Јапонецот Риоју Кобајаши, продолжува со доминацијата на турнејата „Четири скокалници“, откако победи и на натпреварувањето во Инсбрук. Кобајаши во првата серија прескокна дури 136 метри, па во втората му беше доволен и скок од 131 метар, за да стигне до хет-трик сезонава на ова трандициионално новогодишно натпреварување.
Последната станица од „Четири скокалници“ е во Бишофсхофен. Во генералниот поредок на ова натпреварување, најблиску до Кобајаши е Германецот Маркус Ајзенбихлер, кој денеска немаше добар настап и заврши на 13 место.
Во Инсбрук, зад Кобајаши заврши Штефан Крафт, а третото место му припадна на Норвежанецот Андреас Стјернен. Јапонецот сеознава доминира и во вкупниот поредок. Ова беше негова седма победа сезонава во Светскиот куп.