Коби овековечен во Куќата на славните

Коби Брајант постхумно беше претставен како нов член на Куќата на славните на НБА. Кошаркарската икона која пред повеќе од една година трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа заедно со неговата ќерка Џиџи, конечно е меѓу најдобрите на сите времиња, а неговата блескава кариера како легенда на ЛА лејкерс се овековечи во музејот „Нејсмит“ заедно со уште двајца великани Тим Данкан и Кевин Гарнет од генераицијата 2020.

Коби не дочека да биде присутен при неговото крунисување како еден од најдобрите кои некогаш чекореле по кошаркарските паркети во САД, а во негово име зборуваше сопругата Ванеса.

„Коби беше на посебно ниво. Никогаш не бараше кратенки за да успее кога во прашање беше кошарката. Даде сè што можеше за овој спорт. Играше повреден, со скршен нос, со скршен прст. Учеше да ја користи само левата рака за да може да игра, додека прстот на десната не заздрави. Дури со скината ахилова пета застана да шутира слободни фрлања пред да го напушти теренот. Една од причините што Коби минуваше низ сите овие повреди е бидејќи уште од мал сонувал да биде како неговиот омилен играч (Мајкл Џордан). Никогаш не сакаше да ги разочара своите фанови, особено најмладите кои доаѓаа во сала за да го гледаат исклучиво него како игра. Еднаш ми кажа дека ако веќе се обложуваш на некого, обложи се на себе. Мило ми е што ти Коби, се обложи на себе, бидејќи конечно успеа. Сега си во Куќата на славните, вистински шампион, не само МВП, туку еден од најдобрите на сите времиња. Горда сум на тебе и те сакам, Коби „Бин“ Брајант“, говореше Ванеса на приемот.

- Оглас -

Најнови вести