Кочов: Борац погоди некои „луди“ шутеви

По поразот од Борац во Чачак, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, новопечениот татко Ѓорѓи Кочов, кој денеска доби син, изјави дека противникот погодил некои шутеви кои е многу тешко да се погодат, и тоа заедно со поддршката од 1.500 навивачи, и биле клучни за исходот.

„И ние да победевме, не би било незаслужено. Имавме контрола некои 20 минути, но во второто полувреме Борац погоди неколку неверојатни шутеви. Тешко е да се игра на ваков жежок терен. Салата на Борац е полна со историја, чест е да се игра тука“, рече Кочов.

„Сметам дека одигравме одлично во одбраната и благодарение на големата енергија, ја совладавме одличната екипа на МЗТ. Тие се тим кој доби доста мечеви на гости, затоа бевме претпазливи. Мечевите се редат како на лента, не ни е лесно. Би сакал да изразам благодарност до публиката која ни беше ветер во грб“, изјави тренерот на Борац, Јовица Арсиќ, поранешен македонски селектор и тренер на Струмица во шампионските денови пред 11 сезони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести