Ѓорѓи Кочов им се придружи на Јорданчо Давитков, Емил Рајковиќ и Александар Јончевски, кои успеале да освојат титула во македонското кошаркарско првенство и како играч и како тренер.
„Да бидам искрен, бевме малку и нервозни, како да прославивме уште во прва четвртина. Ова ми е прв трофеј како тренер во сениорска конкуренција, мислам дека заслужено славевме во финалето. Голема благодарност до управата која ни го овозможи ова. Имавме напорна сезона, одигравме 74-75 меч сезонава. Горд сум на овие играчи за се што напрвија сезонава. Штета што не успеавме да се пласираме во АБА лигата за сезонава да биде комплетно успешна“ – рече Кочов.