МЗТ Скопје Аеродром набрзина, само во три меча беше поразен во финалето на АБА 2 лигата, а тренерот Ѓорѓи Кочов истакна дека неговиот тим загубил од поквалитетен и поскап противник.
„По оние два нокаути во Словенија, можам да бидам задоволен од реакцијата на играчите и како одигравме во одбраната, го спуштивме противникот под 70 поени, но овојпат немавме добра реализација. Не загубивме од послаб ривал од нас, Приморска е одличен состав со поголем буџет од нас и затоа можеме само да им честитаме“, изјави Кочов.
„Задар е цврста екипа. Шутерски не се толку добри како Приморска, но имаат многу искусни играчи, Жориќ, Дашиќ, тука е и Лука Божиќ. Сериозна екипа е, но далеку од тоа дека ќе се предадеме. Се надевам дека ќе играме наш систем, ќе дадеме сè од себе да победиме на првиот меч во Задар“, додаде Кочов.