Џенова знае како да се врати експресно во Серија А, го купи кралот на стрелците во Втората лига

Кралот на стрелците во италијанската Серија Б, Масимо Кода е нов играч на Џенова, со нив ќе се обиде да направи хет-трик, а целта е пласман на најстариот фудбалски клуб на Чизмата во Серија А.

Кода е топ-стрелец во последните две изданија на Серија Б, а играше за Лече, кој годинава се пласираше во највискиот ранг на натпреварување во Италија.

Преклани 33-годишниот напаѓач беше најдобар стрелец во Втората лига со 22 гола, а и во сезоната што неодамна заврши со успех за Лече пак беше на врвот на листата со најдобри стрелци со 20 погодоци.

Џенова е клубот со најдолга фудбалска традиција во Италија, постои од 1893 година, но имаше лоша сезона и испадна во Серија Б.

Со ангажманот на Кода се надеваат на експресен кам-бек во Серија А, а Масимо има шанса за уникатен подвиг и третпат по ред да биде најдобар стрелец во Серија Б.

 

- Оглас -

Најнови вести