Која е најлудата лига во Европа? Тим кој е на седмо место, денеска со победа може да биде и лидер

Во Германија не само што се играат мечевите во Бундеслигата туку во полн ек се и натпреварите во втората и третата лига. Токму третата лига на Германија е првенството кое е најнеизвесно во Европа. Неверојатно делува фактот дека меѓу првопласираниот Дуисбург и Вурцбургер кикер, кој е на осмото место, разликата изнесува само три бода.

Покрај Дуисбург, кој е првопласиран со 47 бодови, еднаков број бодови имаат и Унтерхахинг и Манхајм. Инголштад и Минхен 1860 имаат по 45 бодови, додека со по 44 бодови се Баерн аматери, Брауншвајг и Вурцбургер кикер. Интересно е што и понатаму е неизвесно, па Ханза Рошток на 11-тото место има 42 бода, односно само пет помалку од лидерот Дуисбург.

Седмопласираниот Брауншвајг вечерва на гости игра кај Халесшер и со евентуална победа, може да дојде и до лидерската позиција. Сепак, тоа е малку веројатно ако се знае дека Дуисбург во исто време на свој терен ќе го пречека последнопласираниот тим на Јена и се очекува сигурен триумф на клубот кој се надева на влез во Цвајте.

До крајот на третата лига во Германија има уште 10 кола и сигурно неизвесноста ќе остане и во наредните натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести