МЗТ Скопје Аеродорм во „Јане Сандански“ вечерва го пречекува Еуро Никел во првиот меч од финалето на кошаркарскиот плејоф. Аеродромци завршија како четврти во регуларниот дел, додека кавадарчани беа трети, но МЗТ Скопје ја има предноста на домашен терен откако во полуфиналето го елиминира првопласираниот Пелистер.
Според квотите во Sport Life, МЗТ Скопје Аеродром е голем фаворит за победа, а границата за триумф на гостите со хендикеп е на 9,5 поени.
За МЗТ ова е 15-то финале во плејофот, а досегашниот биланс му е седум титули и седум порази во борбата за трофејот. Кавадарчани по шести пат се дел од финалето, а ќе атакуваат на четвртата титула.
Аеродромци доминираат во последниве неколку години на домашна сцена, а интересно е што таа доминација ја започнаа токму со победа над кавадарчани во финалето кое се играше во 2012 година. Тогаш како Фени Индустри, МЗТ Скопје се радуваше на историскиот прв пехар, а датумот запишан со златни букви во историјата на тимот од „Јане Сандански“ беше 2 мај 2012 година.
Сезонава овие два тима играа два меча, а интересно е што славеа гостите. Еуро Никел победи во Аеродром, додека МЗТ Скопје се радуваше на гостински терен.