Коефициентот покажува дека Македонија е аутсајдер, но шведскиот селектор се уплашил

Селекторот на шведската ракометна репрезентација Глен Солберг вели дека во последен час се искомплицирале работите на Светското првенство кое денеска стартува во Египет. Шведска е во група во која од вчера учесник е и Македонија.

Нашата репрезентација се најде на завршницата на континенталниот собир откако селекцијата на Чешка го откажа учеството. Солберг вели дека за Шведска ќе било многу подобро ако Чешка настапела на СП, а не Македонија да влезе како замена.

„Кога би требало да бирам меѓу Чешка и Македонија? Би ја одбрал Чешка. За нив се подготвувавме долго време. Сега групата станува потешка од тоа што беше, посебно што немавме можност да се подготвиме за Македонија. Сепак, уште пред неколку дена реков дека ќе го прифатиме секој предизвик, дека ќе се фокусираме да стигнеме што е можно подалеку“, рече Солберг.

Македонија и Шведска ќе играат утре, од 20:30 часот, во првото коло од групната фаза, а според конефициентите во Sport Life, нашата репрезентација ќе ја има улогата на аутсајдер.

 

- Оглас -

Најнови вести