Кога Алегри и Сари може да бидат тренери, тогаш секој може да е тренер

Маурицио Сари пред почетокот на сезоната си замина од Челзи за да стане тренер на Јувентус. Кај Старата дама, Сари дојде на местото на Масимилијано Алегри. Актуелниот тренер на Јувентус сега откри една интересна анегдота која е поврзана со него и Алегри.

На 16 ноември 2003 година екипата на Санџованезе предводена од Сари играше против Алјанезе, на чие чело беше Алегри. Тоа беше меч од Серија Ц2 лигата. Дуелот се одигра само пред 1.400 гледачи.

„Мечот заврши 0:0, а двата тима речиси и да не упатија удари кон противничките голови. По завршување на мечот, еден мој пријател ми рече: „Кога вие двајца може да бидете тренери, значи секој може да биде“. Се надевам дека уште има еден дел од тој Сари во мене бидејќи ја немам променето филозофијата“, вели Сари.

 

- Оглас -

Најнови вести