Кога Арапите го купиле Сити, играчите мислеле дека сопствениците ќе ги купат Меси и Кристијано

Поранешниот десен бек на Манчестер сити, Пабло Сабалета, се присети дека кога тој дошол во клубот, играчите се шегувале дека клубот кој со новите арапски сопственици беше во налет ќе ги купи и Кристијано Роналдо или Лионел Меси.

Аргентинецот Сабалета потпиша во 2008 година, токму кога Граѓаните добија сопственици од Абу Даби. Многу играчи кои биле староседелци биле исплашени за своите места бидејќи намерата на клубот била да купи скапи ѕвезди.

„Десет дена по моето пристигнување, новите сопственици го комплетираа договорот за преземање на клубот. Веднаш го купија Робињо за 40 милиони фунти, па и мене ме фати паника, мислев дека ќе останам само 6 месеци. Работата ја свртевме и на шега, во соблекувалната на две шкафчиња поставивме натписи Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Бевме исплашени за местата во тимот”, вели Сабалета, кој си замина од Сити во 2017 година.

Сабалета, кој има 35 години, а со Меси играше заедно во националниот тим, размислува за ставање крај на кариерата.

„Немам никаква мотивација да играм на празни стадиони“, порача Сабалета, кој за Меси кажа дека е многу важен за аргентинскиот фудбал бидејќи им носи пари и популарност на државата и на Аргентинската фудбалска федерација.

- Оглас -

Најнови вести