Кога асистенцијата вреди многу повеќе од победнички гол (видео)

Нигерија тргна со минимална победа од 1-0 над Бурунди во африканскиот Куп на Нации. Погодокот за првите три бода на Нигеријците го постигна Одион Игало, но вистинската магија ја направи Ола Аина, кој со феноменална асистенција го пронајде својот соиграч. Иако Аина беше со телото свртен кон голот, го виде слободниот простор каде може да го разигра Игало и го стори тоа хируршки прецизно.

Инаку, Аина е нов играч на калчолигашот Торино, кој летово го откупи од Челзи за сума од 10 милиони евра откако претходно брилјираше во дресот на Биковите како позајмен играч.

https://www.youtube.com/watch?v=Hn52I3ch8-I&feature=share

 

- Оглас -

Најнови вести