Кога дојде во Италија беше цел на расистички напади, а ѕвездата на Интер возврати на најдобар можен начин

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку донираше 100.000 евра во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, како помош во борбата против Коронавирусот. Италија е земјата која ги има најголемите загуби од опасниот вирус. Само вчера починаа 627 луѓе, па бројката на умрени се искачи на 4.032, што е повеќе и од Кина.

Едноставно во Италија, ситуацијата е надвор од контрола и сечија помош е добродојдена. Лукаку пред само неколку месеци дојде во Италија, а не беше баш најдобри примен, бидејќи имаше моменти кога беше цел на расистички напади.

Белгискиот репрезентативец и покрај навредите кои ги слушаше, реши да помогне на Италија во борбата против Коронавирусот и донираше пари во болницата, а побара истото да го направат сите оние кои имаат таква можност.

- Оглас -

Најнови вести