Кога двајца се тепаат, третиот јаде ќотек – Судијата брутално нокаутиран со нога на ММА борба (ВИДЕО)

ММА борците се брутални и се само за најиздржливите луѓе на Земјината топка. Но, тоа не важи и за судиите на овие жестоки судири во октагонот, коишто имаат задача, како и во секој спорт така и овде, да ја делат правдата.

На ММА Супер куп мечот меѓу Мексико и Ирска, делителот на правдата беше нокаутиран со нога откако претставникот на Мексико се обиде да го удри противникот.

Судијата падна на земјата, а неколку минути му се укажуваше и медицинска помош. ММА Супер куп е натпреварување во кое учествуваат репрезентации, а тоа се одржува во Бахреин.

Првопласираниот национален тим на крајот ќе стане побогат за 100 илјади долари, додека втората селекција ќе инкасира 75 илјади долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA ™ (@freak.mma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести