Реакции после поразот на Ѓоковиќ: „Како да брзаше на авион“!

Новак Ѓоковиќ е во најлоша форма од 2018 година наваму, а ако се земе во предвид дека тој имаше повреди таа година, може да се заклучи дека е во најголема криза и пад во последната деценија, можеби и повеќе.

Денешниот пораз од Алехандро Табило во меч на кој Новак освои само пет гејма и немаше ниту една брејк шанса, беше прегазен за само 70 минути игра, и потврди дека неговите слаби резултати годинава не се случајни.

На „Ролан Гарос“ каде ја брани титулата, Новак ќе оди без одиграно финале годинава.

Медиуми го критикуваат најдобриот тенисер за хорор играта која ја прикажа денеска. Несвојствено за него, бил нетрпелив, како да брзал да не му побегне авионот, не го тапкал топчето пред сервис, затоа и испаднал толку рано во Рим како никогаш претходно.

- Оглас -

Најнови вести