Кога е најпотребно, Џани погодува за Лидс (видео)

Езѓан Алиоски израмни на 1-1 во третата минута од судиското надополнување спасувајќи го Лидс од елиминација против Хал сити во второто коло од Лига купот на Англија. Пенали ќе го одлучуваат патникот во следното коло.

Македонскиот репрезентативец се најде во составот на Бјелса од првата минута, па го дочека својот момент во финишот од средбата на „Еланд роуд“ откако ја искористи мешаницата пред голот на гостите и ја затресе мрежата во левиот агол.

Погодокот на Алиоски можете да го видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести