Кога е загрижен тренерот на Динамо, загрижен е и македонскиот селектор

Динамо Загреб многу скапо ја плати победата над Ориент во Купот на Хрватска. Се повредија капитенот Адеми и Фрањиќ, а според зборовите на тренерот Крзнар, полоша е повредата на македонскиот репрезентативец.

„Фрањиќ доби удар, мислам дека ќе биде добар. Проблем е Адеми. Почувствува болка во глутеусот, се надеваме дека не е ништо страшно“, изјави тренерот на Динамо.

Адеми често се мачи со разни повреди и неговото отсуство се чувствува и кај Динамо и во македонскиот национален тим. Во октомври, Македонија треба да игра со Лихтенштајн и Германија и лошо би било ако го нема Адеми, како во трите средби од септемврискиот циклус кога трипати игравме нерешено.

- Оглас -

Најнови вести