Кога играат Сасуоло и Милан, обично има барем три гола, Интер и Рома се сигурни кецови

3001 Сасуоло – Милан (18.30 часот)

Милан освои седум, а Сасуоло четири бода во првите три кола и јасно е дека Милан е фаворит. Милан даваше барем по еден гол во сите три кола, а освен Ибрахимовиќ, кај Росонерите нема други повредени. Во минатата сезона, Милан славеше на гости кај Сасуоло со 3-0, а претходно Сасуоло изненади во Милано со 3-1. Традицијата на меѓусебните дуели на овие екипи, најавува ефикасен меч и победа на гостите. Последните пет пресметки им завршија со три или четири гола. Милан триумфираше на последните шест гостувања кај Сасуоло.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.84)

 

1001 Фулам – Брајтон (20.30 часот)

Брајтон е најпријатното изненадување по првите четири кола од Премиер лигата. Овој тим собра дури 10 бода од 12 можни. Во четирите меча, Брајтон прими само еден гол. Мечевите на Фулам се поефикасни, овој тим има подобар напад, но и полоша одбрана од Брајтон. Фулам на последните три меча, од кои два беа лигашки, примаше барем два гола. Овие два тима последен пат се сретнаа во Премиер лигата во сезоната 2020/2021 и двете меѓусебни средби им завршуваа со 0-0. За Брајтон ова е трето гостување сезонава, првите ги доби.

Предлог тип: 1-2 I&1-2 II (2.80)

 

1003 Саутхемптон – Челзи (20.45 часот)

Саутхемптон во првите две кола прими 6 гола, а потоа се подобри и примаше по еден гол на последните два меча. Челзи не е нешто посебно ефикасен, во четирите кола даде вкупно 5 гола, па затоа и резултатите му се променливи и има скромни 7 бода. Светците дома девет години немаат победа над Сините. Во април годинава, кога Челзи последен пат гостуваше кај вечерашниот противник, екипата од Лондон победи со 6-0.

Предлог тип: 2 (1.63)

 

3002 Рома – Монца (20.45 часот)

Монца нема ниту еден бод по три одиграни кола, а тешко дека ќе освои против составот на тренерот Мурињо. Рома има големи амбиции, а Волчицата собра 7 бода во првите три рунди. Можеби фановите очекуваа поголема ефикасност (Рома на трите меча даваше по еден гол), но нема да се бунат ако победуваат, макар и минимално. Монца прими 8 гола во првите три кола, примаше барем по два гола на секој од трите меча.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.97)

 

3003 Интер – Кремонезе (20.45 часот)

Овој меч е убава шанса за Интер да се врати на победничкиот пат, кој му беше прекинат минатото коло против Лацио. Кремонезе претрпе три минимални порази во првите три кола и дуелот со Интер е во незгодно време за нив. Кај Интер ќе го нема Лукаку и тоа е хендикеп, но можеби и шанса за Џеко и Кореа да се наметнат кај тренерот Инѕаги. Сите три меча на Интер сезонава беа со 3+ голови. Кремонезе 27 години нема гостувано на „Џузепе Меаца“, а 30 години не го победиле Интер.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.81)

- Оглас -

Најнови вести