Кога Кари ќе се налути, нема сопирање, погоди за победа на 0,5 секунди до крај (Видео)

Голден стејт се намачи, но на крајот успеа да го победи Лос Анџелес клиперс со 129:127 за радост на домашната публика. „Воините“ во последната четвртина влегоа со предност од девет поени, но гостите не се предадоа и стигнаа до 127:127, но тоа не беше крај.

Последниот напад го имаше Голден стејт, а тогаш се знае, топката е кај Стеф Кари. Бекот на шампионот во текот на целиот меч беше незадржлив за одбраната на гостите, па и во последниот напад успеа да погоди. Иако некои мислеа дека ќе шутира за три поени, Кари одлично влезе под кошот на Клиперс и ја положи топката во кошо само на 0,5 секунди до крајот. На крајот, зад неговото име имаше запишано 42 поени. Одличен кај Голден стејт беше и Кевин Дурант, кој постигна 35 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести