Кога на трка со препреки има и бонус препрека (Видео)

Сергеј Шубенков од Русија триумфираше на синоќешната трка на 110 метри со препреки во Рабат. Рускиот атлетичар имаше многу среќа, но знаеше и одлично да се снајде во една невообичаена ситуација.

Светскиот и трикратен европски првак заостануваше во првиот дел од патеката, а пред самиот финиш беше на второто место, зад Омар Маклеод од Јамајка. Иако делуваше дека Омар ќе победи, на неколку метри пред целта тој се сопна и падна, а со себе го повлече и Шубенков.

Сепак, Русинот со падот всушност се издолжи напред кон целта и успеа да помине како првопласиран на трката.

- Оглас -

Најнови вести