Кога ништо не оди – Клубот е заглавен со фенерот во Премиер лигата, напаѓачот дивееше по улици и го искрши луксузниот автомобил

Лис Мусет, напаѓачот на Шефилд јунајтед, го искрши луксузниот автомобил од марката „Ламборгини“ во несекојдневен инцидент во Англија.

Францускиот интернационалец малку по полноќ загубил контрола на возилото и се забил во паркиран автомобил на пат во Шефилд.

Полицијата веднаш уапсила две момчиња на 20-годишна возраст, но нема информации што се случило со напаѓачот на Шефилд јунајтед.

По објавувањето на фотографиите на британските портали, јасно им беше на сите дека автомобилот со портокалова боја од марката „Ламборгини“ е на Мусет.

Полицијата поднесе пријава за пребрзо возење, што автоматски ќе значи и казна за Мусет, а и од Шефилд јунајтед најавија истрага и казна за 24-годишниот напаѓач, кој одигра шест меча сезонава за фенерџијата во Премиер лигата и сè уште нема постигнато гол.

Клубот е на последното место само со два бода по 17 кола, нема ниту една победа и e главен кандидат за испаѓање.

 

- Оглас -

Најнови вести