Кога првпат влезе во соблекувалната, немав храброст да го погледнам во очи

Тиери Анри, eден од најдобрите француски фудбалери на сите времиња, по неколкугодишната авантура во Арсенал, каде што освои две титули во Премиер лигата, во 2007 година се пресели во редовите на Барселона со реноме на светска ѕвезда. Таму заигра со тогаш младиот Лионел Меси, кој штотуку почна да ги освојува симпатиите на навивачите, а по долги години ја опиша првата средба со францускиот голгетер.

„Кога првпат влезе во соблекувалната, не се осмелив да го погледнам во очи. Знаев за успехот што Анри го оствари во Англија и неговиот квалитет, имав највисоко мислење за него и наеднаш игравме за ист тим. Го обожував Анри и начинот на којшто играше. Со таква леснотија ги дриблаше противниците и даваше гол, го правеше тоа да изгледа природно, флуидно. Оствари кариера за восхит“, истакна Меси.

Анри пред преселбата на „Камп ноу“ имаше цел да освои европска титула, а една година пред трансферот во Барселона, беше блиску до тоа остварување. Во 2006 година Арсенал загуби токму од Барселона во финалето во ЛШ со конечни 2-1, a токму благодарение на Меси му се оствари желбата и три години подоцна го подигна европскиот пехар.

- Оглас -

Најнови вести