Кои се џокерите и можните фактори на изненадување на Милевски за Ерменците? (Фото)

Ерменскиот селектор Хоакин Капарос на прес-конференција изјави дека добро ја познава македонската репрезентација, со оглед на тоа дека двете селекции често играа меѓу себе во последните години. Но, дали е така?

За разлика од септемврискиот меч во Скопје, кога беше 0-0, иако во мнозинството избраници на Благоја Милевски најголем дел од фудбалерите и сега се присутни, имаме нови лица кои може да бидат изненадувања за Капарос.

Во нападот имаме две нови имиња кои се дебитанти, тоа се Дориан Бабунски и Ваљон Етеми, коишто играат во добра форма во своите клубови.

Милевски може да употреби некои играчи, како Миовски, Серафимов, Тотре, Тодороски, кои не играа во септември против Ерменија.

Се разбира, големи мотиви има и голманот Столе Димитриевски, кој имаше кошмарно издание пред три години, кога со своите киксеви помогна Македонија од Ерменија тогаш да прими четири гола. Чуварот на мрежата има цел овојпат да не прими гол и да ѝ помогне нашата селекција да победи.

- Оглас -

Најнови вести