Кој би помислил дека ќе дојде денот кога големите ривали од Ел Класико ќе играат заедно (видео)

ПСЖ објави детали од првиот тренинг на Лионел Меси за новиот клуб, а целата јавност со нетрпение го чекаше моментот кога Аргентинецот ќе се сретне со големиот ривал од Ел Класико-дуелите, Серхио Рамос.

Неодамнешните капитени и екссуперѕвезди на Реал Мадрид и Барселона, од денес се соиграчи и ќе се борат за истите бои, па во тренинг центарот си подадоа рака и накратко поразговараа за време на кардио-вежбите.

Со години Меси и Рамос водеа битки на шпанските терени, често нивните дуели знаеја да фрлат и по некоја искра, а пцовките и расправиите беа редовно присутни кога во текот на Ел Класико-дербијата. Речиси ниту еден фудбалски фан не можеше да замисли сценарио во кое ќе дојде денот кога тие двајца ќе играат заедно во еден клуб.

- Оглас -

Најнови вести