Кој би предвидел вакво нешто – Еурспорт го одбра идеалниот тим по 7 кола во Серија А, нема играчи на Јувентус и Интер

Спортскиот ТВ канал Еуроспорт го одбра идеалниот тим за првите 7 кола во италијанската Серија А и во дрим-тимот немаше место за ниту еден играч на најтрофејните екипи Јувентус и Интер.

Старата Дама игра лошо и никој не се истакна посебно, а и Интер нема старт каков што очекуваше, со четири победи и три порази е на седмото место пред Јувентус, па двете екипи со вкупно 57 шампионски круни (Јувентус 36, Интер 19) немаат играч во дрим-тимот на Еуроспорт.

И актуелниот првак на Италија, Милан, со 19 шампионски круни не може да се пофали со повеќе од еден фудбалер во дрим-тимот, а Росенерите ги претставува Оливие Жиру.

Само Наполи, Удинезе и Лацио имаат по двајца претставници во идеалниот тим составен во формација 3-4-3.

Голман: Проведел (Лацио)

Одбрана: Мин-џе (Наполи), Париси (Емполи), Удоџи (Удинезе)

Среден ред: Копмајнерс (Аталанта), Милинковиќ-Савиќ (Лацио), Перира (Удинезе), Кварацхелија (Наполи)

Напад: Дибала (Рома), Жиру (Милан), Аранаутовиќ (Болоња)

- Оглас -

Најнови вести