Кој е голманот што на 35 години дебитираше за Манчестер јунајтед?

Манчестер јунајтед и пред последното коло имаше изборено пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите и тоа како лидер во својата група, па новиот менаџер Ралф Рангник, на дуелот со Јанг бојс на терен уфрли комбиниран состав со неколку дебитанти.

Кога ќе се спомне дебитанти, се помислува на некој млад играч, но синоќа сефте во дресот на Црвените ѓаволи имаше 35-годишник. Станува збор за голманот Тим Хитон, кој влезе на терен во 68-ма минута, на местото на Дин Хендерсон.

Хитон потекнува од младинските категории на Јунајтед, а во првиот тим влезе во 2005 година. За овие 16 години, постојано го позајмуваа во други клубови, или беше резерва, бранеше и за други клубови по раскинот на договорот со матичниот Јунајтед, а сега врати во јули годинава, па дури синоќа, на 35-годишна возраст, го дочека дебито како член на Манчестер.

За тие околу 25 години против Јанг бојс, Хит не прими гол, и доби аплаузи од публиката на „Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести