Кој е поголем киксер, голманот или напаѓачот? (Видео)

На дуелот од квалификациите во Копа Либертадорес, помеѓу парагвајски Либертад и колумбиски Атлетико Насионал, во неколку секунди се случија две големи грешки кои предизвикуваат чудење и смеење кај љубителите на фудбалот. Либертад победи со 1-0, и имаше огромна доза на среќа што не прими гол после страшен кикс на голманот Мартин Силва.

Либертад поведе со голот на Кардосо со 55 минута, а 18 минути подоцна, голманот Силва сакајќи да спречи корнер за гостите од Колумбија, практично му ја додаде топката на противничкиот напаѓач Омар Дуарте. Но, наместо да го искористи ова и да го погоди празниот гол, Дуарте се посрамоти уште повеќе и ја прокоцка оваа 100 процентна шанса за изедначување на 1-1. Тој ја погоди стативата.

Погледнете ја целата ситуација:

- Оглас -

Најнови вести