Кој и да го освои Купот, ќе има радост во семејството Стојкоски!

Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев од 18.30 часот на националната арена „Тоше Проески“ во Скопе ќе водат битка за трофејот во Купот на Македонија, а загарантирано е дека барем еден член на семејството Стојкоски ќе се радува.

Во битка за пехарот ќе има дуел меѓу татко и син. Кристијан е синот, еден од најдобрите фудбалери на Пандевци, додека Боби е таткото и тој работи во стручниот штаб на „лавовите“. 

Ова е 27-мо финале во историјата. Македонија Ѓ.П. играла двапати, а за Академија Пандев ова е прво финале. Најуспешен клуб е Вардар со пет трофеи, следува Работнички со 4, Слога Југомагнат со 3, Силекс, Тетекс, Шкендија и Пелистер имаат по два, додека Победа, Цементарница, Ренова, Башкими, Металург и Македонија ЃП имаат по еден куп-трофеј.

Тренерите на двата тима се оптимисти дека ќе излезат како победници. Според квотите во обложувалниците Sport Life, фаворит е Академија Пандев. Победа на струмичани е со коефициент 2.05, а за ѓорчепетровци 3.40.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести