Кој ќе го купи Мбапе ќе мора да прифати уникатна клаузула

Килијан Мбапе се уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата, дали тоа ќе биде актуелниот клуб Пари Сен Жермен, што е мала веројатност, или Реал Мадрид, можеби и некој друг клуб, но знае дека нема да ги пропушти Летните олимписки игри во Париз за три години.

Поради настапот на Европското првенство годинава ги прошушти Летните олимписки игри во Токио, но сега вели дека нема шанса да не игра во Париз на свој терен на ЛОИ во 2024 година.

„Токио беше мојот неостварен сон да играм за Франција на Олимписки игри, па сега нема шанса да ги пропуштам игрите во Париз во 2024 година. Ако треба и ќе вклучам клаузула во мојот следен договор, дека клубот мора да ме ослободи за да играм на ЛОИ. Веќе сега знам како ќе го поминам летото во 2024 година. За мене олимписките игри се нешто свето тоа е ДНК на свесткиот спорт и морам барем еднаш да го доживеам чувството да бидам олимпиец“, вели Мбапе.

Како што сега стојат работите тој ќе може да преговара со нов клуб веќе во зимскиот преоден рок, бидејќи договорот со ПСЖ му истекува идното лето, а не сака да го продолжи.

Најсериосен кандидат е Реал Мадрид, што е и желба на Килијан, ново трката се вклучи и Барселона, а сигурно ќе има уште неколку сериозни кандидати за еден од најдобрите офанзивци на планетата.

 

- Оглас -

Најнови вести