Кој кого фаулираше, знае само судијата и ВАР системот (Видео)

Кој кого фаулираше во четвртата минута на мечот меѓу Елче и Селта Виго знае само судијата Бенгоечеа и ВАР системот. Ситуацијата е интересна, а учествуваа четири играчи во шеснаесетникот на гостите, по двајца од двете екипи.

Напаѓачот на Елче, Лукас Боје се обиде да погоди со ножички, направи и фаул, но Бенгоечеа досуди пенал за домашниот тим, најверојатно поради игра со рака на Џејсон Мурилјо.

Чуден пенал, што беше проверен и со помош на ВАР системот, по што Бенгоечеа ја потврди својата првична одлука, а Фидел Фидел искористи и погоди за предност на Елче од 1:0.

Во финишот на првото полувреме Селта израмни со голот на Санти Мина во 42. минута.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести