Кој ли сè гласа за Златната топка: Новинарот од Шри Ланка гледа некој друг фудбал и го насмеа светот со своето мислење (ФОТО)

Како што е добро познато, Лионел Меси по седми пат ја освои Златната топка.

Аргентинецот во понеделникот беше избран за најдобар фудбалер за оваа, 2021 година откако го победи Роберт Левандовски од Баерн Минхен.

Многумина сметаа дека токму Пољакот од германскиот гигант требаше да ја добие оваа награда.

На социјалните мрежи се појавија неколку слики од гласањето, а највеќе внимание привлече новинарот на Дејли Њуз од Шри Ланка, извесен Хафиз Марикар.

Очигледно е дека таму гледаат некој друг фудбал, бидејќи во гласањето, тој на првото место го ставил Александер Трент Арнолд од Ливерпул, на позицијата под број два (верувале или не) Пјер Ерик Обамејанг, а на третото место е Антоан Гриезман кој имаше мизерна сезона во Барселона.

Роберт Левандовски е на четвртото место, додека на петтото место е Марк Андре Тер Штеген од Барселона.

Очигледно е дека Франс Фудбал мора да промени нешто во процесот за гласање, бидејќи вака работата не ја бива.

- Оглас -

Најнови вести