Кој може од подалеку – Оладипо и Јанг погодуваат како од шега и од 10 метри (Видео)

Виктор Оладипо се врати на терен по долгата пауза и полека влегува во ритам во НБА-лигата. Тре Јанг е веќе голема ѕвезда и еден од најдобрите стрелци, а и двајцата кошаркари се натпреваруваа ноќеска кој ќе постигне тројка од поголема далечина.

Погодуваа од 10 и повеќе метри, и тоа со леснотија, иако тоа не им помогна на нивните тимови Индијана пејсерс и Атланта хоукс да победат.

Оладипо постигна 9 поени во поразот на Индијана од Далас со 103:112, а Јанг уфрли 34 поени, но и неговата Атланта хоукс загуби дома од Бостон селтикс со слична разлика, 123:115.

https://twitter.com/NBA/status/1224509916972560386?s=20

Во мечевите кои се играа утрово постигнати се следниве резултати: Шарлот – Орландо 100:112, Кливленд – Њујорк 134:139 прод., Индијана – Далас 103:112, Вашингтон – Голден стејт 117:125, Атланта – Бостон 115:123, Бруклин – Феникс 119:97, Мајами – Филаделфија 137:106, Мемфис – Деторит 96:82, Сакраменто – Минесота 113:109, ЛА клиперс – Сан Антонио 108:105.

- Оглас -

Најнови вести