Арапска битка за Њукасл – Катарците го блокираат саудискиот принц Бин Салман

Битката меѓу Катар и Саудиска Арабија може да ја реши судбината на Њукасл, а Беин Медија груп е последната пречка за трансфер на сопственоста во Њукасл, клуб што треба да го превземе принцот Мохамед Бин Салман.

Трансферот е веќе договорен за сума од 300 милиони фунти, што е прифатлива за поранешниот сопственик Мајк Ешли, но голема пречка е Насер Ал Келаифи, сопственикот на Пари Сен Жермен и прв човек на Беин спорт.

Катарската ТВ и медиумска групација ја обвини Саудиска Арабија за пиратерија и недозволено емитување на натпревари од Премиерлигата, што е сериозно обвинување.

Засега како што велат Англичаните нема црвено знаме за трансферот со кој контроверзниот принц од Саудиска Арабија, Бин Салман би го реализирал трансферот на власта и би го превзмел Њукасл, но Катарците не се откажуваат од притисокот.

Двете земји имаат и нерасчистени политички недоразбирања, а Келаифи и Салман се значајни фигури во Катар, односно Саудиска Арабија.

Владата на Велика Британија го дозволува превземањето на премиерлигашкиот клуб од страна на богаташите од Саудиска Арабија, но се залага за строги казни за пиратеријата, за која Катарците го обвинуваат принцот на Саудиска Арабија и можен иден сопственик на Њукасл.

- Оглас -

Најнови вести