Меѓу најголемите фудбалери кои синоќа беа на церемонијата за доделување на Златната топка во Париз се најде и една млада дама која посебно го привлече вниманието. Тринити Родман е американска фудбалерка која во февруари оваа година дебитираше за американската репрезентација, а доверба во неа имаше македонскиот стратег Влатко Андоновски, кој е селектор на САД.
Родман веќе има и седум настапи за репрезентацијата на САД. Таа седеше веднаш до Мбапе, а потоа призна колку тоа за неа било нереално да биде номинирама меѓу најдобрите 20 фудбалерки во светот.
https://twitter.com/i/status/1582054549505814528
„Не можам да верувам дека сум меѓу номинираните. Фактот дека ќе бидам во близина на толку неверојатни фудбалери е остварување на мојот сон“, вели Тринити Родман која е ќерка на можеби најконтроверзниот НБА кошаркар, Денис Родман.
Тринити неодамна потпиша нов договор со Вашингтон и со тоа стана најплатената фудбалерка во САД. На крајот, Тринити Родман заврши на 18-тото место меѓу најдобрите во светот.
Trinity Rodman est à Paris. ✨
La joueuse américaine de 20 ans est la plus jeune nommée pour le Ballon d’Or féminin. 🔥#BallonDor pic.twitter.com/f8KCB5H6G1
— Footeuses (@foo_teuses) October 17, 2022