Која фризура најдобро му стои на Кристијано Роналдо? (Фото)

Португалската фудбалска суперѕвезда Кристијано Роналдо е познат како човек кој многу внимава на својот изглед, ја следи модата и сака да биде во центарот на вниманието не само со игрите на фудбалскиот терен. Откако стана познат, Роналдо безброј пати ја менуваше својата фризура, некогаш тоа им се допаѓаше на фановите, некогаш не.

Најновиот „експеримент“ му е фризура со која потсетува на соиграчот Хуан Квадрадо. Дома можеби го гледаат во вакво издание, а сега „чудната“ фризура ја сподели и со јавноста.

На Купот на конфедерации во 2017 година Кристијано играше со кратко потстрижена коса.

Во 2004 година, кога беа неговите почетоци во Манчестер јунајтед, имаше фризура која делува смешно од денешна перспектива.

Сликава од 2013 година беше инспирација за бронзената статуа која му беше изработена и стои во Мадеира. Кристијано прво не си се бендиса како беше изработена статуата која не личеше на него, па претрпе извесни корекции.

На Мундијалот во 2014 година тој имаше фризура која не му помогна многу да ја однесе репрезентцијата далеку.

Со оваа фризура „шпагети“ во 2018 година го заврши својот престој во Реал Мадрид.

Нешто слично имаше во младоста, кога дебитираше за Португалија.

Сега, кога игра за Јувентус, има коса како Квадрадо, но на натпреварите не е со таков изглед, туку косата ја собира во мало опавче.

Која фризура му беше најдобра?

- Оглас -

Најнови вести