Која линија е важечка? (Видео)

Средбата помеѓу Гојтаказ и Нова Сидаде од првата фаза во Серија Б од бразилската лига Кариока (Сантош Дупонт куп) се одигра на терен на којшто кај полукругот кој стои на средина пред 16-никот имаше дури три линии.

Се чини дека првиот е најдобро нацртан, но делува помал од вообичаеното. Веројатно сфатиле дека полукругот е мал, па се обиделе да направат поголеми линии, но и другите два обиди биле неуспешни и тоа предизвика чудење на присутните на трибините и кај новинарите кои го следеа мечот.

Тој полукруг на фудбалските терен постои речиси од пред 90 години и тој простор е забранет за играчи додека некој друг изведува пенал. Креаторот на овој полукруг веројатно би се превртувал во гроб ако го видеше теренот во Бразил.

Инаку, на овој терен во Гојта кариерата ја почна и славниот Бебето, кој во 1994 година беше еден од главните играчи кога Бразил стана светски шампион.

- Оглас -

Најнови вести